Рома има нов тренер, старо познато лице
14 November 2024
- Легендарниот 73-годишен италијански тренер Клаудио Раниери, после пет години се враќа во својот роден град Рим, ќе го води својот најсакан клуб Рома. По трет пат, во трет мандат се враќа на клупата на „римската волчица“.
- Раниери во кариерата водеше 20-ина клубови. Каљари, Наполи, Фиорентина, Валенсија, Ателтико Мадрид, Челси, Парма, Јувентус, Рома, Интер, Монако, па беше селектор на Грција, најголем успех имаше со Лестер Сити со кој сензационално ја освои титулата во Премиер лига. Седеше уште на клупата на Нант, Фулам, Сампдорија, Ватфорд.
- Раниери својот прв најголем тренерски успех го имаше во сезоната 1988/1989 кога го внесе Каљари од трета во втора па во прва лига. Освои и Куп на Италија со Фиорентина во 1995/1996, со Валенсија има Куп на Кралот во 1998/1999, има Интертото трофеј во 1998 и УЕФА Супер Куп во 2004. Во 2016 беше избран за најдобар тренер на сезоната во Премиер лига по чудесната бајковита титула со Лестер на Марез и Варди.