Полноќни разговори со Грок

Се замуабетив со Грок, и си реков, ајде политика да го масирам. Тргнавме од Платоновата „Република“, видеото од Офф.Нет и преку светот, дојдовме до Македонија и нашава „ситуација“. Јас како радикален елемент, Грок како неутрален коментатор ... јебем га, Грок има повеќе мозок од сите луѓе во Македонија (вклучително и мене) на куб! Или што би рекол Будалата, од овде до онде.

Повлекување линија и постот

Имаме објавено едно лудо пакетче прашања и одговори со Елведин Пезиќ, босанскиот исламски духовник кој одговара на секојдневни прашања и дилеми на муслимани. Но, прашања и дилеми има повеќе отколку што драгиот Алах можел да замисли. На пример, дали шмркањето линија преку нос се коси со постот? Чекајте, тоа не е сè. Нема баш секој пари за кокаин.  

Македонско-полска љубов: Мечето Ушко

Морам да ви ја кажам приказнава...
Пред месец-два заглавив со една екипа на пиво во Варшава. Се смеевме и евоциравме спомени за животот и (особено) цртаните филмови од источниот блок во Европа, па до крајот на вечерта пијани ги пеевме "Пора на добраноц" и влезната песна од "Мечето ушко (Миш Ушатек)".