Рафинирана дебата во бугарскиот парламент

Бугарскиот парламент деновиве донесе закон со кој рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црното Море, се става под државна контрола, за да се избегнат последицитее од американските санкции. Едно од легитимните прашања беше колкави пенали ќе треба Буигарија да плаќа за тоа. Еден од одговорите ќе го видите.  

Имате ли ваков другар?

Ноќе го возиш друштвото со кола, те запира цајкан и молиш бога да не ти се искомплицира ситуацијата па да почне да те дрви со што и да е. Одеднаш другарот дебил кој се вози позади тебе, отвора џам и му вика на џандарот: Уа, полиција! 

Овие ли ќе бидат подобри од Вучиќ?

Сме се фатиле за Цеца и нејзиното бугарско знаме во Велес, ко момата од Житораѓа и нејзината глупост/неукост да ни е главниот проблем што потекнува отаде Табановце. Чујте што за нас мисли Милан Ст. Протиќ, некогашен градоначалник на Белград и српски амбасадор во Вашингтон и Берн, како и актуелен жесток борец за паѓање на режимот на Вучиќ и СНС. Чисто да знаете дека терминот „шупак“ некогаш скратено се пишува Ст.