Лесковачки доручек во јули

На јулските температури во овој дел од светот нема потреба да се распалува скара и да се пафта ќумур. Може и поскромно и помалку амбициозно; да се фрлат пар јајца на некоја вжарена шахта. Од небрусените. Но, додека во Лесковац богохулат со менито, Словенците им го соборија рекордот околу нивната локална гордост, плескавицата.

160 километри на час...100 километри на час... 20 километри на час

Ако воопшто се изгради, на македонската пруга за брзини до 160 km/h после 2-3 години брзината ќе и биде ограничена на 100 km/h, а после 20-30 години - на 20 km/h, односно колку што е сега на многу места. Причината лежи во таканареченото „диференцијално слегнување“ на насипот (баластот) од дробен камен, под праговите со шините.

Во Битола би ја викале Менувачницата

Левови, червени, марки... сега треба да се навикнат на евра. За таа валутна транзиција пее извесна Сашка Васева, во придружба на рапер (на галено) и еден разголен што боксува, нејасно зошто. Песната се вика „Левовете в евро“, мелодијата е ушобол а текстот десеткува сиви ќелии со секоја измината строфа. „Listen, listen, listen baby, моята мечта, да се давя в шампанско, лукс и суета“.  

И да ја убијат, нема никогаш да ја имаат или да станат таа

Од сите нив, најжално-смешна отсекогаш била и ќе биде Бугарија. Да беше жена, ќе беше онаа која најмногу мава или онаа која ги вади ножиците да ја ошиша. Да беше маж, ќе беше од оние стари куси ќелави чичиња кои де нудат пари, де пасош да избега, де лажат дека ноќта биле со неа, де се закануваат, де се лижат, де цимолат и плачат, ама никогаш не се предаваат на помислата дека е џабе - не те сака. Џабе брат.

Најдобрата дефиниција за ЕУ

Дефиницијата на Згембо Андислиќ постои уште кога Европската унија беше Европска заедница. А сиве овие години се отепавме од мозгање и дебатирање што е тоа ЕУ и што таа мисли со нас. Да научите на памет, за ако некој почне да ви паламуди од оние големи флоскули или да ви толкува сигнали од Брисел, да го здрвите со реплика: М-ха!