Едно од најлегендарните парчиња на ТЛН на сите времиња. И не е лоша тоа идеја, да се најде чорбаџија кој ќе подели наоколу пар стотини шаторски крила, да стане тоа нова мода во овие немодерни времиња.
Живееме во време во кое иднината на младите таленти зависи од тоа дали Цеца дигнала столче или дали префинетиот уметнички шазам на Зорица Брунцлик им ја препознал "енергијата". Во време во кое родители рикаат ко малоумни само зашто нивното талентирано дете не минало заради гласот на Мирослав факинг Илиќ.