Кој е Емило Шопе? Еднаш ве запознавме со него преку пакетче СМС-и. Ѕирнете да видите каков људски уникат е овој наш драг пријател, штипјанец и амстердамец.
Од тоа пакетче, имаме уште нови стотина СМС пораки, кои буквално секојден ни ги праќа.
Само два извадока:
- Добар ден, среќен ден! Секое тело потопотено во течност може да се удаве.
- Стигнувам на гробишта и мајка ми вика: Емооо, ја знаеше дека ќе се оправиш ама улава се праеше оти кај тебе сè бива, уште памтам коа си дојде од Италија и вечерта ојде на серенади цела ноќ, ја ојде на работа у пет и пол, сабајле, уште те нема, доаѓам си поручок од работа и на сандачето глеам порака: "MAMO JAS SUM ZA GERMANIJA". И тоа на латиница, а ја не знам латиница и комшшиите ми ја читаа. Само не претерувај у оправањето оти кај тебе сè е од крајности у крајности, ништо нема нормално. Татко ми ѝ вика: ДОСТА МА ЉУБЕ, ТИ ЛИ ЌЕ МУ КАЖУВАШ, ТИ ПОАРНА ДА НЕ СИ....
-------------------
Доволно за вовед. Под "оправање" се мисли на неговата одлука да престане да пие. Шопето порано се разбираше со алкохолот, сега се разбира со животните. На таа тема му е и емисијата "Животинско царство":
*другите емисии овде