Новоговор: Хјуџ џрни со многу бампс ин д роуд

Никола е млад и успешен претприемач кој стигнал до еден милион некои пари ама не стигнал до доста зборови од неговиот мајчин јазик. Како него денес зборуваат сè повеќе млади, а некогаш за ваквите хибридни крпеници јако им се потсмевавме на гастарбајтерите. Јасно е дека технологијата носи странски термини кои неретко се непреводливи, но толку ли е тешко да ти текне дека наместо „хјуџ“, и „голем“ ќе ти заврши работа? Ама и за тоа треба „перзистанс“.

Одлепи уште еден идол на многу детства

Пред 4-5 децении, Бранко Миличевиќ, ЈУниверзално познат како Бранко Коцкица, беше добриот дух на децата кои растеа со неговата емисија „Коцка, коцка, коцкица.“ Умееше со деца, тотално позитивен, шармантен, непосреден. Денес е советник во општина Белград, од редовите на Српската напредна странка. Легендите велат дека меѓу двата периода се има случено доста хероин.