Што е “Сејф сити“?

Сејф сити е кога ќе ги поправите дупките на коловозите за да не возиме како слалом за да не ги искршиме колите. Сејф сити е кога улиците и тротоарите ќе “вриштат“ од обележана хоризонтална и вертикална сигнализација, не само на главните улици туку до најмало малско уличе. Сејф сити е кога ќе го осветлите секое уличе од градов а не само Партизанска и централното подрачје, за кога ќе се враќаат навечер нашите деца, внуци да се чувствуваат сигурно до дома а не да носат бибер спрејови и разни свирчиња за помош.

Ако странец ве праша, што луѓе сте вие?

Оној што зборува (вика) е Змај од Шипово, психопат со тапија кој се прослави на интернет и реални шоуа со своето дерење и биволско либидо. Оној што упорно пее на замислен микрофон не знаеме како се вика, иако заслужува светска слава. Но, не се битни нивните имиња. Битно е да се тешиме што и вакви останавме покрај толку многу лудаци околу нас. Надреално.

Сакате да ја знаете вистината за Косово?

Во четвртина век откако се потпиша Кумановскиот договор со кој се прекина бомбардирањето на Југославија, се искристализираа две непомирливи верзии за она што се случи на Косово: а) тоа беше сценарио на кварните западни империјални сили со газење на меѓународниот правен поредок и б) тоа беше неопходна интервенција за заштита на човековите права. Ништо од тоа. А ѕвездените капии?