Не престанува нашата фасцинација со бугарскиот јазик, во последно време разгорена од текстот за пушењето (Първо трябва да се почуди малко) и четот со Иван (Иване, дадох ти путка, не бъбрек) и озбилно планираме да запишеме курс и везден да си збориме на бугарски, пошто ова македонскиов веќе не ни врши работа.
Не за да ги слушаме бескрајните цифри на вмрото („толку и толку ролни тоалет хартија што не беа во програмата ама ги дадовме...“), не за да ја слушаме бескрајната немерливост на сдсмот („ќе си ја вратиме слободата, ќе си ја вратиме државата...“).
Со ќеиф ги читавме и ги споделувавме неговите записи од Америка бидејќи дечкото пишува онака како што сакаме да читаме: разиграно, шарено, со фина драматика а без потење. Првата сезона е заокружена. Што значи дека ќе има и втора.