Сакаме избори

Не за да ги слушаме бескрајните цифри на вмрото („толку и толку ролни тоалет хартија што не беа во програмата ама ги дадовме...“), не за да ја слушаме бескрајната немерливост на сдсмот („ќе си ја вратиме слободата, ќе си ја вратиме државата...“).

Сакаме избори затоа што е потребен некој термостат преку кој ќе попушти притисокот пред сите заедно да експлодираме.

И затоа што се надеваме дека и овде ќе се појави некој лик како овој, Константин Савиќ, независен кандидат за општина Теслиќ. Страст за правда и правичност каква што одамна немате видено.

Па така бре, Константине!

 

6 септември 2016 - 12:46