За вредноста на животот

Класична скопска ситуација која на многумина им е позната. Коли заглавени во вообичаената градска гужва, ама затоа се јавуваат сирени па треба да се направи место. За амбуланта? Да, има тука и амбуланта, ама, не е таа битна. Сирените и проодноста се за конвојот службени автомобили предводени од полициско обезбедување.

Металниот вкус на велешкиот воздух

„Сè минува, само тешките метали не минуваат“, вели Игор Смилев, еден од неколкутемина велешани и велешанки (и по некој скопски ентузијаст) во овој европски документарец, луѓе кои во името на оние блиски кои ги изгубиле, и на сите оние кои не сакаат да ги изгубат, пробуваат да сторат нешто за загадувањето од кое во Македонија се умира двојно повеќе од просекот на континентот. Да, загадувањето кај нас е само сезонска, зимска секирација. Затоа е и вака.  

„Важно се гради“

Не влезот во продавница на Анхоч во Ѓорче Петров.

Напред дете златно

Само што го заврши својот настап, веднаш стартуваше хајката и отстрелот на ова дете од страна на докажаните наши домашни ловџии. Никола не е како нивните деца дома. Нивните деца се први во сè, а не последни како Никола.

За земјата со олимписки коментатори

Таа Олимпијада што ја гледате се спрема 4 години во неа се вклучени 20.000 луѓе. Скопје се пече како под вршник зашто дрворедите се десеткувани. Во Париз врне, лие и во такви услови се свири, пее, игра, плови. Да е еден дожд на дивите метални тераси во Струга, струја луѓето ќе ги убие.