На мајка ти и ќерка ти, и слични одбрани на Македонија

Македонски сајт ја пренесува веста дека некој американски конгресмен (питај Бога од кое лоби форматиран) изјавил дека Македонија не е држава и дека треба да се подели. Одбравме дел од репрезентативните коментари на јуначкиот македонски фронт деноноќно распореден на социјалните мрежи. Да не знае човек од што повеќе да се плаши: дали од тоа што Македонија може да се подели или од тоа со кого ќе остане во делот што ќе му се падне.

Дечкото научи македонски за два месеца

Го објавивме кога си даде задача следен јазик што ќе го учи да му биде македонскиот (види за тоа во статијата „Наши не научија, тој ќе научи“). Тогаш си даде фора од три месеци, но по само 8 недели, еве го како зборува подобро од многумина на кои тоа им е мајчин јазик. Стварно, кое им е оправдувањето?