Некогаш ни водителот не успева да си ја расипе емисијата

Кога човек е секој втор ден на екран, знае или претерано да се опушти или од замор да зашмелцува. Којзнае од кое од овие „повреди на работното место“ произлезе прашањето на Чомовски: „Дали сме на работ на јазичен фашизам?“ Јазичен фашизам? Ало, студио?

Што го занима македонското гласачко тело?

Баталете ги оние аналитичари, експерти и други јасновидци што секоја вечер на телевизија МАЕСТРАЛНО го утнуваат „духот на времето“ и од ракав  тресат толкувања за тоа што го мачи и го интересира народот. Гугл ги знае овие работи од прва рака.

Ние и Кинезите, 1001 дрон

Во Кина гулабите треба да си најдат нова работа, кај нас тоа важи за пафтачките за скара. Кинези пуштија 1.000 дронови управувани од еден компјутер за небото да изгледа убаво, на наш човек му е доволен еден дрон за да покаже дека сме попрактични од нив.

Хелоу, иц Али

Бане К-15 по којзнае кој пат ја убоде у центар. Да покрие „топ тема“ и досетливо да смисли арка за пренесување на пораката, а да не биде тоа стандардно дрвење. Овојпат во име на Али Ахмети ја препеал песната од Адел, тажна и љубовна балада со горечка желба за хепиенд и со многу чувство за дражесни видеодетали (хукање на прозор, индијанката). Заплачете и вие, помалку ќе мочате (од среќа или страв) кога поетското пророштво ќе стане реалност.

Учиме албански

Па ова лесно било! Текстот почнува со „Антон Антон“, по што следува една мелодична и римувана брзозборка. А не знаеме што се раскажува. Можеби за „Чехов Чехов“.