До кога бе државата ќе мести невини луѓе во затвор?

Ако сите решиле да молчат, ЈАС нема. Еден татко е неправедно обвинет дека е вмешан во киднапирањето на своето дете, кое заврши со куршум во главата на своите 14 години. Да, Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска е невин човек. Некој тоа МОРА јавно да го каже. Јас го кажувам.

Приказна за Марјан Чарли, сестрата на Лео Мартин и чорапите на еден наш академик

Марјан Чарли ја извел сестрата на славниот jугословенски пејач Лео Мартин која студираше во Скопје. Откако ја изнашетал на корзо, на Кеј, пред „Ванила” и на плоштад, на крај со глас на Бери Вајт ѝ предложил да фатат реиз и да тркнат до Сарај. Женската прегладнета и премалена се затрчала кон првиот киоск што го видела за да касне некое залче колку да преживее. Тогаш Марјан Чарли гласно ја предупредил: „Шта чеш тамо? Па тамо нема ни ѓевреца ни буреца!”