Приказна за Марјан Чарли, сестрата на Лео Мартин и чорапите на еден наш академик

Марјан Чарли ја извел сестрата на славниот jугословенски пејач Лео Мартин која студираше во Скопје. Откако ја изнашетал на корзо, на Кеј, пред „Ванила” и на плоштад, на крај со глас на Бери Вајт ѝ предложил да фатат реиз и да тркнат до Сарај. Женската прегладнета и премалена се затрчала кон првиот киоск што го видела за да касне некое залче колку да преживее. Тогаш Марјан Чарли гласно ја предупредил: „Шта чеш тамо? Па тамо нема ни ѓевреца ни буреца!”

Врањанец и вештачка интелигенција

Средбите на глобалната ВИ и локалните ликови допрва ќе раѓаат драгоцени ситуации. Човек од село во околина на Врање треба да патува со авион ама му е фуфка. Му објасниле дека постои вештачка интелигенција која може да му одговори на сите дилеми кои ги има и дека со неа може да разговара како со човек. А врањанецот воспитан човек па првото прашање до ЧетГПТ му е: Нели спиеш?