Упатство за православни погреби

Не памтам погреб, а да не сум инволвиран во носечките активности. Сега веќе не чекам да ме замолат, сам се фаќам за рачка; си знам што ме чека. Имам цела колекција пешкири по дома. Ужалените што го знаат тоа почнаа и да ме прашуваат што боја пешкир да ми стават на рамо, да не стварам истобојни залихи.

ЧетГПТ го покажа своето вистинско лице

Комплетен пресврт во контроверзните релации меѓу природната и вештачката интелигенција. Досега вештачката учеше од луѓето, го вежбаше нивниот говор, облик, начин на размислување. Аналогната империја го возвраќа ударот. Додуша, не преку некој јунак од Марвелов калибар, ама колку за почеток, презадоволни сме. Дечкото ja имитира ВИ толку „убедливо“ што некои пакосно коментираат: „ЧетГПТ, знаев дека си вистински.“