Чудна јада 2.0

Стариот мост во Мостар е иконична османлиска градба преку Неретва, симбол на градот и светско наследство на УНЕСКО. Спомнат и од Евлија Челебија, тој издржа 427 години пред да биде уништен во војната во БиХ, за што беше обвинет хрватскиот генерал Праљак кој, извикувајќи дека е невин, се самоуби со отров среде хашка судница. Деновиве мостот имаше интересен посетител. 

За некоја година, хуманоидниот робот кој деновиве прошета по мостот во стил „Мало смо попили,“ можеби ќе скока од него, за бакшиш од туристи. Или ќе накриви фес и ќе шмрка кафе. 

 

п.с. Од Мостар беше и Докторот кој лечеше со севдах

 

13 февруари 2026 - 14:24