Бурекот се претера

Бурекџилница во Панчево во која најмал проблем е да се решите дали со месо или со сирење. Имаат со димена коленица, со печена пиперка и фета сирење, со месо од пилешки копан и горгонзола, како и со подварок, сланина и кобасица. Човек од наша редакција, жесток поборник на класичниот бурек, на оваа понуда изјави: „Бурек со копан? Све им ебам наркоманско!“

36.000 аплаузи за советникот!

Џезаир Шакири (командант Хоџа), горд на оние кои во Диво Насеље убија 8 македонски полицајци. Гордоста ја поткрепува со пресметка колкав процент од македонските специјални сили тогаш биле елиминирани.

Какви сè читатели имаме преживеано

Бидејќи беше јасно како може да заврши еден индивидуалистички сајт во раце на корпорација (ене го, го нема), пред да се одјавиме и да го предадеме Он.нет, го симнавме сето она што го имаме пишувано на старата адреса. Понекогаш е интересно да се прелистува таа содржина, како по времеплов. Особено кога ќе наидеш на нешто како што е писмото на Бурим. Читнете колку е цар, мамата негова прекрасна! Пра-татко на денешните дрвачи од социјалните мрежи!

Како е да се има Тесла во Кратово

Репортажа на едни дечки кои решиле да прошетаат со електричен автомобил по затурените делови на ЕУ и затурените делови на вона би ЕУ. После Романија и Бугарија, ете ги кај нас во Македонија. Поточно во Кратово, градот кој толку цврсто е на земја што изгледа не му ни треба заземјување.