Ноќна музика: клајне ама сербише

Ако еден национален јазик може да биде ранет со негова злоупотреба, тогаш јазикот на кој Гете го беше напишал Фауст, после оваа песна е мртов. Рилке, Хајне, Фихте, Шелинг, Бекенбауер... примете го нашето најискрено сочувство.

Добри ли се денес и како ли остареа овие млади социјалисти?

Ова е химна на подмладокот на Социјалистичка, некаде од почетоците на транзицијата. Во музичка смисла „проектот“ е на трагите на Bend Aid (SPM for Africa: Did they know it's lunch pause time?) а во текстуална смисла -  малку Мира Марковиќ (Срце је на левој страни) и многу рима: глобалист, хуманист, социјалист, нудист... Во режисерска смисла - кога ќе се спомне "визионер" автоматски оди кадар на Љубисав Иванов, со повремени упади на Гоце Делчев. Факат е ужасно ама заради целата таа наивност и чедност, скроз лајк.