Српска просечна загатка: Кој возел пребрзо?

Српските патарини почнаа да мерат просечни брзини, но проблемите започнаа. Лесно е софтверот да пресмета колку еден автомобил возел меѓу две наплатни, но, на кое место е направен прекршокот, кој суд е надлежен и најбитно - кој шофер да се казни ако во возилото ги имало повеќе?

Македонец кој им ја вади маста на звучките на Ајфон

Наш дечко, зналац, купил Ајфон Икс и сфатил дека потенцијалот на звучките не е до крај искористен или пак дека фабрички понудените аларми и рингтонови се претивки за него. Седнал пар недели, штимал, твикал, штемуел, и извадил пар пакетчиња супер звуци. Ене го, на големо го фалат во рецензии по странски магазини.

А лудиот го заболе

Името па името. Вака, ако си имам мака со моето име, ако нешто не ми е по волја, ќе идам до кај што треба и ќе го сменам. На пример, ќе одам по ходници и канцеларии, и по некое време ќе ме пишат во лична карта, место Тихомир Јанчовски - Лутомир Џонс. Тоа, да. Може. ако јас сакам.