Овде е нешто многу погрешно

Наставник (во Србија) ги натерал децата да си го соберат ѓубрето кое го оставиле зад себе. Тетката што чисти му била благодарна но го замолила другпат да не прави така. Зошто? Затоа што на друг наставник, за истата работа, после некој ден му се згнале незадоволни родители. Зошто незадоволни? Затоа што не ги праќале своите деца да ги учат за ѓубреџии. Hommo homini roditel est.

Бела техника од црна Македонија

Мал „естетски“ поздрав од Nordmazedonien конзулат во Виена, Австрија.

Разбрано од а до ш

Мајстор кој се занимава со графики и натписи на возила и слично, на својот син му оставил да сработи едно комбе. Му пишал прецизни упатства на наследникот на кој еден ден треба да му го предаде бизнисот. Да го стави името на фирмата (таа и таа), да го стави телефонот за контакт (тој и тој) и на крај му пишал и детално за фонтот кој треба да го користи (тој и тој). Како малиот ја разбрал пораката, ќе видите понатаму: