Може ли Брацо да излечи шупак?

Со таква мака на душата (сите му викале дека е шупак), дечко од Вајс го посетува лондонското гостување на светски славниот гуру Брацо, цивилно заведен како Јосип Грабовац од Загреб. И пред да ги слушнете сведочењата на неговата орда следбеници, треба да ви е јасно дека Брацо е стварно генијален.

Драги Рашковски Палма

Живописниот градоначaлник на Јагодина, Драган Марковиќ Палма, на својот Фејсбук профил, во капс лок објави: „ЈАГОДИНА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА КОЈ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ ПРЕКУ БУЏЕТОТ“. Логиката на овој проект ви е позната од домашен терен.

Македонец е првата жртва на српскиот шарлатан

Мирољуб Петровиќ (Под мач, бато) го памтевме како медиумски и јутјуб шарлатан, но тој во меѓувреме да ти станал „доктор“ и „експерт за природна медицина“ па почнал да „лечи“ и да препишува „терапии“.

Честитам, грчки народе

Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Затоа што ние се самопоразивме. Самите се победивме. Се здробивме самите себе си. Се дрецнавме од чименто. Го избришавме подот со сопствените фаци. Си дадовме автоголови. Се нокаутиравме самите себе. Си се превеславме помеѓу нас. Се поделивме како никогаш досега. Се масакрираме секојдневно. Самите се избламиравме. Направивме нешто што ниту еден народ не направил во историјата – се самоукинавме!

Зона на самракот, епизода: „Штабот мој на СДСМ“

Ако сте љубители на мистерии, Реј Бредбери, Твајлајт зон, ова екстремно ќе ве бендиса. Следната најава читајте ја една октава пониско (или како оној на Канал 5): „Лисичани, општина Пласница. Клучот е тој, Шеќеринска може да потврди дека и привезокот е тој. Но, бравата е друга?! Уверете и сами дека клучот не пасува! Што се крие и пред сè, кој стои зад оваа загадочност и скаламуција?“