Порнхаб е побезбеден од сајтот на УЈП

Акаш по сајтот кај што ти се парите и давачките, кај што треба најприватно да дознаеш дали ќе те биде или е време да си купиш јаже. Oдеднаш браусерот те алармира дека се наоѓаш на несигурен сајт, што значи дека е сосема можно некој да ги краде податоците што ги внесуваш. Па да ти поклони јаже. 

Како не им е срам на Ципрас и на Каракачанов?

Значи и двајцата лажат- сушат. Ципрас своите граѓани ги убедува дека никогаш нема да признаат македонска нација и никогаш нема да нè нарекуваат Македонци туку евентуално Славомакедонци. А оној па Каракачанов, ги замајава наивните Бугари дека нема шанси да го признаат македонскиот јазик. Ќути што ние си го имаме Заев. Он е можда корумпиран (хехе), ама па никогаш не нè излажал (хехехе).

Студио Б, слобода на изразувањето

Едно време Белград и Србија искрено се бореа за опстанок на Студио Б, медиум кој беше редок глас на разум и нормалност во зовриените воени години. Богами вредеше. Денес на Студио Б имаат полна слобода да решат дали вестите ќе ги почнат со „Гледате вести“ или пак со „Ова се вести“.