Рецептот за оној конкурс кој го објави македонското министерство за одбрана (со еротски наслов „НАТО и јас“) го знаете: најдете куп стари домашни и писмени работи од времето на социјализмот, секое „Тито“, заменете го со „НАТО“ и - тоа е тоа. Колку да не седите во глува тишина додека го правите тоа, пар песни кои го доловуваат континуитетот на овдешното творештво.