Како Сава ги победи кикиндските лицимури

Сава од Кикинда дошол до оној момент до кој дојде и Мајкл Даглас (како Вилијм Фостер) во легендарниот филм за пукање на филмот „Falling Down“. Но наместо да тргне во одмазнички поход и да фати да тамани душмани, Сава смислил генијален план. Откако ниедна служба не дошла да му помогне со поплавената бавча, напишал „проштално писмо“ дека се фрлил во септичката јама. А потоа се скрил на таван и гледл сеир. Победа!

Кој е за малку џез?

Ако не за отворање, тогаш оваа џез химна треба секоја година да служи за затворање на Скопски џез фестивал, чисто заради меко транзитирање назад кон овоземните синкопи, битови и импровизации. Ако не сте убедени, песната се вика „Прасетина.“ 

Секој има право на свое глупо мислење

Ако влезеш во дебата за еден ваков бисерно чист анти-демократски став (за човек кој штотуку добил на избори да кажеш дека ја победил земјата која штотуку му дала победа), по инерција ќе ти кажат дека „и Хитлер така дошол на власт....“ Е, затоа што спијат на стари приказни и верглаат едни те исти фрази (мрза, вродена или тренирана глупост, што и да е во прашање), затоа проаѓаат така. А се мислат „разбудени“.