Нашиот Јаран се вика Миле

Една од најлуцидните медиумски субверзии што ги правеа Жељко Малнар и Џамбо во Ноќна мора беше што спојуваа неспоиви светови: нивниот главен „новинарчич“ Јаран со класични политички ликови како Славен Летица, Весна Шкаре Ожболт и други. Со голем ќеиф ви ја презентираме овдешната верзија, овојпат со пратеник на ЗНАМ. Миле ќе го прочита прашањето (подобро чита од Јаран) а после се прави дека го слуша одговорот. Задоволни сме!    

Предупредување: Ова боли

Веројатно ви е позната нашата пасија за шкарт музика (ама онаа што е чудесно шкарт, обичниот шкарт го имате на Топ листи) па со вас се имаме радувано на безброј фасцинантни ликови од сивата зона. Дечково е еден од нив. Како да е несреќник излезен од онаа емисија „Проводаџија“. Некои ќе се пожалат што воз никогаш нема кога најмногу треба а најјакиот совет кој му е даден досега гласи: „Игнорирај ги позитивните коментари“.  Дарио и песната „Ова боли“. Точно.

Бабите се новите велешани

Ако Хилари и нејзините беа убедени дека изгубија од Трамп заради велешките интернетџии (а не затоа што се бавеа у кое веце ќе мочаат транџите додека луѓе пиштат под кредити и долгови) па следуваше бран од милиони долари вредни грантови, обуки и тренинзи против лажни вести, замислете го следниот бран грантови, обуки и тренинзи против баби кои пеат песни со кои „се мешаат во странски избори“ и „го доведуваат во заблуда електоратот.“ Мислите не?

Бугари против Хеловин

Сцена од Благоевград од бучни протести против западниот Хеловин со намера да се вратат луѓето на „патриотскиот Хеловин“ кои го викаат Кукери и на кој, негде пред Нова година, со маски, костуми и клопотарци, се протеруваат лошите духови. Бонус предност: на Кукери не се главни колачите туку ракијата.