Мудар човек е дедото на Љавдрим

Зевзекманија дознаваат дека нивниот соговорник од пред десетина дена има внук, па му честитаат и го прашуваат од кого е, од син или од ќерка? Новопечениот дедо има сериозно просветителски одговор.

Стругај багро, што друго знаеш?

Викаа Гугл ќе го носат, Фејсбук ќе го носат. Еве како денес изгледа тој економски препород и бум: на пар локални работници им наредиле среде полициски час со брусилици да го стругаат сонцето од Кутлеш/Вергина. Колку да не збори народ дека ништо не работат. Јако, само јако!

Тие стварно чекаат некој камшикар

На почетокот на март (читател кој редовно вози таму тврди точно на 3-ти) почнало со гребење на стариот и многу оштетен асфалт на патниот правец Скопје- Прилеп, кај клисурата Дреново (пред да започне искачувањето на Плетвар). Два месеца подоцна, таму се вози вака.

За денкомалициозните

Ако сета документација за македонската самобитност се испечати во книга, ќе биде така тешка што можи да се користи како оружје за мавање по глава.

Госпожа, па што не си чучнавте и вие?

Има такви кои собираат после своето милениче, ама многу бре ги има вакви; ќе го почекаат детето да се даунлодира (некогаш и они малку ќе напнат, за поддршка) а потоа аристократски ќе одјаваат во градскиот крајолик. Озбилни сме за чучнувањето. Бар двајца ќе завршат работа во исто време а нам и онака ни е сеедно во чие говно ќе цапнеме.

Еминеме, седи, одмори

Имаме некое чувство дека веќе го имаме слушано и објавено овој вешт српски рапер но и јанѕа дека сме пробале да го закопаме длабоко во потсвеста. За да не ни ровари од таму, го вадиме на површина, за повторно да се соочиме со таа навала од мудри зборови и чудесно склопени рими.

Како Денко станал Денко?

Како тој станал некој кој го познаваме како Денко Малески, некогашен министер за надворешни работи, предлог на ДУИ за консензуален претседател на Македонија и сè по ред? Така што се презива Малески. Покојниот Блаже Ристески се познавал со неговиот татко а тоа овде од памтивек била главната препорака за кариера. Денко Зостер инсистирал да биде шеф на дипломатија и ништо друго, овие прифатиле, пошто Блаже бил труп англиски.