Положен ТОЕФЛ за балкански јазици

Србин наоѓа човек од Бангладеш кој шест години работи како келнер на Малдивите. Знае српски, македонски, хрватски, босански.... Притоа, да не испадне дека само се фали, дечково му демонстрира колку добро ја сфатил главната поента на нашите јазици - да заебеш некого.

Сведоштво на младиот спасител Јован

Во една прилика го нарековме Јован Спасител. Младиот Костадинов од Виница има само 19 години и се нашол во смртоносната дискотека во Кочани таа вечер кога настана пеколот кој го сотре градот и Македонија. Останал прибран и присебен, херојски помагајќи им на тие што можел да им помогне. Ужасен настан. Ужасно сведоштво. 

Перински да ги прибере спамерите од министерството

Добиваме ние секакви спам меилови, ама главно од странски преваранти со бизнис/маркетинг понуди за наивни. Не очекуваме да ни се полни сандачето од некоја служба на министерство на кое нит си ѝ побарал да ти праќа меилови, ниту предвиделе културен начин да се извадиш од таа меилинг листа (слушнале тие за опцијата „unsubscrube“?) а богами мува не ги лази ни кога ќе им пишеш. А им имаме пишано два пати. Ова е третпат.

Зошто бев тивка и зошто повеќе не можам да бидам

Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка - затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност. Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина.

Македонија, кородирана

Уште некој мисли дека некаква „акција против корупцијата“ е доволна за да се оправиме?