Лена, најмладиот бурек мајстор во Србија

Лена почнала да се плетка и да си игра со брашно и тесто на само пет години, кога почнала да прави ситно пециво. Тоа им е семејна традиција а татко и е бурекџија 30 години во Обреновац. Денес Лена има само 9 години а ги тенчи и ги врти тоа корите како вистински професионалец. На тие години, од вештините на Лена ние знаевме со чаша да притиснеме, за мајка да извади ванилици.

Скопски бербер им помага на деца со леукемија

Откако и сам се соочил со тешката болест на својата ќерка, Ермин Чуљевиќ од Скопје реши со својот занает да им помага на деца и нивните родители кои минуваат низ слична ситуација. Приказната со неговата ќерка имаше среќен крај, Ермин верува дека сите заедно можеме да придонесеме и за многу други такви исходи.

Најлесно е да го смениш името

Денес оваа улица (во центар, кај Олимписки) го носи името на Славко Јаневски. По старо беше Стив Наумов. Претходно била Ленинградска... Вака е со улицата, вака е со државата.