Време за цитирање на Борис Трајковски

Пошто ни е губење време да гледаме репризи на слаткоречиви а одвратни лаги, со задоволство го пропуштивме обраќањето на госпожа Урсула во Собранието, ама па разбравме дека го цитирала покоен Борис Трајковски (колку се кринџ, чудо едно). Ако е така, да го цитираме и ние него, тоест да потсетиме што тој ѝ кажа на истата таа Европа.  

Совет за претстојната зима: Сите на Тајланд!

Гледајќи ги цените на пазарот по кој шета, Србин решава да ја сподели најевтината варијанта за следната зима која по сите линии ќе биде брутална. Да се отиде на Тајланд на 6 месеци! Повратна карта 450 евра, месечно за живот 300-400 евра. Да се храните и царски и здраво. Се пакуваме?

Трилинг од Караџа

Го отворија 70 г. затвореното македонско прашање. Ги повампирија старите балкански шовинизми. Ги разбрануваа духовите од минатото. Ги воскреснаа демоните на раздорот меѓу луѓето. Го соголеа до кожа работниот човек. Ја прождраа државата. Му го откинаа суверенитетот на граѓанинот.

Има зошто го кријат протоколот

Еве го протоколот што го кријат. Целиот е насочен кон обврски што ги презема само Македонија. Ако се потпише, луѓе ќе бидат гонети во Македонија по списоци изготвени во Бугарија. Ќе се променат таблите на Охридската тврдина за Цар Самуил, и има рокови до кога мора да се променат македонските учебници.

Памтите ме по клупама мојим

Бањалучкиот градоначалник почна јако, со најави дека ќе ја раскринка мафијата во некогашниот бастион на Додик. Еве го сега истиот тој, со ПР видевце дека ставиле клупа на гробишта. Не дека не треба да се стави клупа, ами дека е глупо со тоа да се фали градоначалник. п.с. ако видеото ви е смешно, смејте се потивко, да не ја разбудите Данела.

Дрогата ме смее рано насабајле

Не е финта само да земеш дрога. Финта е да земеш дрога уште рано посабајле и ако си во некоја убава балканска земја како Србија, да отидеш во утринска програма на телевизија и да ја споделиш техниката. Што би рекле самите Срби, благо оном ко рано полуди, њему живот у весељу проѓе.