Браќа по калдрма

Нашите северни соседи го развиваат концептот за бескрајно менување на коцката на Плоштадот на Републиката во Белград, како што ние своевремено правевме на скопскиот плоштад. Додека една година калдрмата не се изгуби и никогаш не дознавме каде завршила. Турнирот во викаат Коцкатлон, годинава имал меѓународен карактер а местењето има и метеролокошка димензија.

Заигра мечка на бугарска врата

Баш и немаат многу песни за Македонија (освен они што ќе ги дрпнат од нас - Бугарска апашаана), ама затоа имаат песна за  - бела мечка. Не прашувајте детали, појма немаме. Текстот го пишал некој јако талентиран. Прво вика „Бялата мечка идва от Сибир“ за после 10 секунди да праша „Откъде идваш бе мечке?“. И главно е што не ја пеат на суво, тоест без главниот јунак.

Новинар - трагач

Србија и регионот се радуваат на среќниот епилог со исчезнатото двегодишно девојче Дуња од Уб која покрај еден поток ја најде кучето Икона од горската спасувачка служба. Потсмрзната, но жива и здрава. На новинарката ѝ било логично да постави прашање како кучето успеа да ја наде Дуња. На соговорникот му е логично да ѝ одговори вака.