Бугарски стрес тест

Во софискиот Зоолошки парк еднаш годишно прават стрес тест: симулираат ситуација во која некое опасно животно од кај нив избегало од своето живеалиште, за да проверат како нивните вработени реагираат на една таква ситуација. Овојпат, се работело за тигар. Да ја видите „симулацијата“. Некој од Бугарите ставил наслов „Ох, не мога повече.“ Баш.

Главоболка од минус универзуми

Пулмологот Несторовиќ, популарноста од пандемијата, стекната со неортодоксни ставови, подоцна ја преточи во политички успех па стана фактор. Пошто рецептот за успех не се менува, нагазува уште појако. Ако некој тие денови имал главоболка, тоа е затоа што „по грешка биле избришани пет универзуми“ (?). Како што обично бива, пола луѓе ќе го сметаат за шалабајзер и преварант, а пола ќе викаат, и Тесла не го разбираа на времето.

Ко то тамо блокира?

За 15-ти март е закажан голем протест во Белград како крешендо на повеќемесечните студентски блокади иницирани од трагедијата со настрешницата во Нови Сад. Во меѓувреме страстите толку се зовриени а народот поларизиран што многумина стрепат дали тоа ќе помине без насилство и голем пичвајз. Ние многу од тоа први имаме видено: бои, црвени дланки, „ослободување на јавниот сервис“ (Стојанче, добар?), само без хуморот и луцидноста на Србите.

Браќа по калдрма

Нашите северни соседи го развиваат концептот за бескрајно менување на коцката на Плоштадот на Републиката во Белград, како што ние своевремено правевме на скопскиот плоштад. Додека една година калдрмата не се изгуби и никогаш не дознавме каде завршила. Турнирот во викаат Коцкатлон, годинава имал меѓународен карактер а местењето има и метеролокошка димензија.