Задолжување „на слепо“

И така, денеска свежо се задолживме со нови 500 милиони евра - за едно големо ништо. Ниту Владата имала време за овие два месеца да направи анализи како парите правилно да ги вложи, ниту пак имаат гаранции дека парите ќе бидат вратени од општините и стопанството. Особено од општините, знаејќи колку недомаќински работаат.

Глоријан, ти ли си?

Добивме дојава пред некој ден дека Глоријан се има ставено на Јутјуб. Веднаш го зафативме местото број 2 на сабскрајбери и од што не ни се веруваше, решивме малку од страна да го следиме, дур да сфатиме дали е стварно тој, дали некој го трола или пак му го има најдено ЦД-то со 500 песни. Ама, бидејќи тоа тешко ќе го утврдиме ако не ни дојде на уште една надреална средба како некогаш во Оннет, еве официјално наше добредојде за големиот уметник и маг.

Македонците на Сремски фронт

Овде уште постојат кругови спремни да се објаснуваат како Тито нè заебал што не сме тргнале на Солун туку на Сремски фронт (ха! тоа го зборуваат генерации кои дозволија да им го сменат името на државата и да им ги избришат одлуките на АСНОМ од уставот). Нека ги. Наше е, за сите македонски партизани кои заминаа да се тепаат со Германци и усташи, да кажеме - СЛАВА ИМ.