За кулен е потребно весело срце

„Не е финта јас да ги земам парите а тие да отидат дома со празни гаќи,“ вели за својата екипа дечкото кој го прави најдобриот кулен во Банат и Србија. Гладот и сиромаштијата го натерале на оваа работа а процесот го опишува поетски нежно: се почнува со една „ракииштина“,  за да почне „срцето малку повесело да чука“. Нема подобра мотивација од ова да се напуштат градските срања.

Колку чини еден тенк?

Хрватска даде огромни пари за набавка на модерни тенкови (оние тешкаши кои во Украина масовно страдаат од евтини дронови). Бидејќи и ние држиме до „НАТО стандарди“, а милионите звучат апстрактно, објаснува пратеничката Ивана Кекин: еден тенк се 80 уреди за магнетна резонанца, или пет градинки, или 230 нови станови, или 100 готови специјализанти или годишен топол оброк за половина средношколци.... Еден тенк! А купија 50.

Век ипол востаничка Малешевија

Пред 146 години, на 24 ноември, 1878 г., петнаесет македонски востанички главатари од Малешевијата, учесници во македонското (кресненско) востание, на англискиот генерален конзул во Солун му предале писмено обраќање. Век ипол на исти им пишуваме писма, ама, не можеш да разбудиш некого кој се преправа дека спие.