Бебињата веројатно нема да разберат што прават чичковците и тетките на филмот, но целата идеја да го гледаш најбезобразобразниот филм на годината со суштество кое гуга до тебе е во најмала рака чудна. Токму тоа ќе го понуди киново следнава среда, кога влезот на проекцијата за доенчињата е бесплатен.
Ова не е прв пат на програмата на „Саншајн синема“ да се најдат филмови со насилство и несоодветна содржина, како на пример „12 години ропство" (камшикување, крв, крици), или „Филомена" (филм за малолетничка чиј син го одземаат калуѓерки). Од раководството на киното велат дека нивната политика е во тој термин да ги нудат буквално сите нови филмови со кои располагаат, без оглед на темата и дали треба да се гледа под (во случајов буквален) „надзор од родител или старател“. Критичарот на Варајети пак иронично забележува: „Мислев дека над 17 значи 17 години, а не месеци...или недели".
Не мора да се дава баш овој филм, но целата иницијатива ни се виде супер за по нашите кина, оние малку што ги има и особено во зима. Ем си излегол од дома, ем се знае дека ќе има други со бебиња и нема лутење ако почне некое да кенка. Плус може и пуканки со вкус на чоколешник.