- Jун Олаф Фосе (1959) е добитник на Нобеловата награда за литература за оваа година. Роден е во Хагезунд, Норвешка. Сериозна несреќа на седумгодишна возраст кога бил соочен со речиси сигурна смрт имала големо влијание врз неговото подоцнежно творештво. Завршил компаративна книжевност. Неговиот дебитантски роман „Црвено, Црно“ бил објавен во 1983, а првата драма „И никогаш нема да се разделиме“ била изведена и објавена во 1994.
- Нобеловата награда согласно соопштението на Кралската академија му се доделува „за неговите иновативни драми и проза кои го изразуваат неискажливото“.
- Неговото име непосредно пред соопштувањето беше на врвот на списокот на можните добитници на обложувалниците.
- Како најава на нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни, авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски нудат уникатна прошетка низ нејзината содржина.
- Настанот ќе се одржи оваа сабота – 16-ти ноември, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
- Ќе бидат посетени познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но исто така ќе се откријат и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често ги игнорираме во секојдневниот живот низ Скопје. Регистрација е обврзна, на линкот.
- „Орбитал“ на британската авторка Саманта Харви, е романот којшто ја доби престижната Букерова награда за проза за 2024.
- Станува збор за приказна за шест фиктивни астронaути (мажи и жени) на Меѓуародната вселенска станица кои во текот на едено деноноќие искусуваат 16 изгрејсоцна и 16 зајдисонца. Таа е опишана како „медитација за Земјата, убавината и човечките копнежи“.
- Со само 136 страници, „Орбитал“ е втора најкратка книга која ја добива оваа награда. Таа е за четири страници подолга од „Крај брегот“ на Пепелоп Фицџералд, која доби Букер во 1979.