- Еден од најголемите еколошки проблеми е застарената електроника, што ги поттикнува истражувачите да осмислуваат креативни начини да се намали е-отпадот. Сега еден тим измисли батерија направена од хартија и други одржливи материјали која се активира со вода.
- Станува збор за истражувачи од лабораторијата за целулоза и материјали од дрво, дел од Швајцарските лаборатории за наука и технологија. Оваа недела тие објавија статија во списанието Scientific Reports во која го опишуваат својот пронајдок кој може да биде алтернатива на поштетните батерии вообичаени за апарати со ниска моќност.
- Новата батерија ги има истите клучни компоненти како и стандардните - катода, анода и електролит, но тие не се спакувани како кај традиционалните батерии во пластика и метал, туку анодата и катодата се мастила отпечатени на парче хартија. На листот има нанесено сол, кој се раствора кога хартијата ќе се стави во вода. Растворот од солена вода кој притоа се добива дејствува како електролит.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.