Нејзиниот најнов дизајнерски проект, „Звукоткаење", ги „преведува" шемите од источно-европските везови во нежни, ѕвонливи мелодии. Таа ги користи мотивите од народните носии, перниците, шамиите и други ткаенини за да изработи „дупчени картички", а потоа ги поминува низ рачно направена музичка кутија. На тој начин ја ослободува музиката која била заробена во текстилите, и покажува дека таа може да се добие на најнеобични начини.
Мелодиите, кои се баш пријатни, можете да ја слушнете тука, а ова е официјалниот сајт на проектот.
После ова две работи: „Везилке кажи како да се роди проста и строга македонска песна" сега ни звучи некако поинаку. Плус се прашуваме какви ли звуци би дал овој вез?