Bookbox

Дали Гауди ќе биде прогласен за светец?

Архитектонското ремек-дело Саграда Фамилија во Барселона се гради веќе 130 години. Има такви кои се надеваат дека по завршувањето, 20 години од сега, нејзиниот креатор ќе биде св. Гауди.

Кристално чистите и нивните душмани

Како што научната фантастика всушност зборува за постоечки светови и луѓе само „преоблечени" во вонземјани, така и детската литература знае да содржи големи вистини, за кои малите луѓе почнуваат да стануваат свесни дури кога ќе пораснат. Еве една таква приказна, за кристално чистиот Џакомо и мрачниот тиранин.

Политичарот и неговата тврдина

Што да пише човек во рубрика за култура во моментов, а да не звучи лигаво или само формално ангажирано? Посегнувам во третиот ред одозгора во домашната библиотека, по некој кој поминал низ „скудни времиња" и од нив извлекол мудрост. Мирко Ковач за политичката тврдина и дрзниците коишто ја запоседнуваат.

Награда „Златен трејлер“ и приказната за овој жанр

Има за најдобри филмови, за најлоши филмови, за телевизиски серии, за порно, за документарци. Ама не знаевме дека има и за трејлери. Кратка историја на овој жанр, и приказната околу неговото име.

Европа бира незнаење?

Еден текст во форма на петиција, којшто се однесува на актуелните состојби во европската наука, ни се виде многу интересен, и заради тоа што излегува дека уништувањето на науката е заедничка мака на сите земји членки, и затоа што Македонија излегува слична, и полоша од нив. Зошто тогаш побогу не сме во Европа?

Kлуб на мртвите комичари

До сега преку чудото на холографската технологија „во живо" можеа да се видат починатите музички величини како Тупак или Мајкл Џексон. Но сега таква можност ќе добијат и фановите на добрата комедија.

Кампања за довршување на последниот филм на Орсон Велс

Вчера, 6.5, на стогодишнината од раѓањето на Орсон Велс, почна онлајн кампања за собирање средства за завршување на неговиот последен филм, „Другата страна на ветрот". Сниман 12 години, тој има многу интересна, автореферентна приказна, со пророчки моменти.

И во библиотеки тепаат, зарем не?

Еден од инцидентите на вчерашните протести се случил во читалната на библиотеката „Браќа Миладиновци", во која специјалци упаднале со зборовите - „не лажете, никој не учи во 11 ноќе". Логично - кој чита, тој крева револуции.

Откриени 150 години стари текстови на Марк Твен

Истражувачи на Универзитетот Калифорнија, Беркли, откриле и ја потврдиле автентичноста на збирка текстови напишани од Твен кога имал 29 години и работел како новинар во Сан Франциско.

E-смеење: разликата меѓу „хаха" и „хехе"

Навидум малата нијанса во тоа како вербално се смеете онлајн може да произведе различни толкувања - од арогантни до лажно егзалтирани. Помислете на ова следниот пат кога на вашиот виц некој ќе одговори со „хехе“.

Како да напишеш добар трилер?

Утре (5.5) започнува 27-то издание на Саемот на книгата, којшто некои го викаат и меѓународен. Знаејќи го главно традиционално здодевниот формат на манифестацијата, се радуваме што оваа година на него ќе се случува и нешто интересно, поврзано со пишување трилери и со Шведска.

Кога Маја Плисецкаја му позираше на Шагал

Една од најголемите балерини на 20 век, Плисецкаја, која почина на 2 мај на 89 години, беше меѓународна ѕвезда и руски културен емисар. Меѓу нејзините бројни пријателства со познати уметници, овековечено во слики останува она со Марк Шагал.

Шимборска за работите за кои не може да се зборува со хумор

По повод излегување на нов, обемен избор од нејзината поезија на англиски, кој ги вклучува и сите постхумно објавени песни, интервју со Шимборска од 1996, непосредно по добивањето на Нобеловата. 

Фиктивни топоними од поп-културата

Научната фантастика е полна со имиња на непостоечки планети и вонземски видови. Но такви има и во поп-културата, често пати со сатирична конотација, доволно слични за да асоцираат на земјите и местата на коишто вистински се однесуваат, или барем неодоливо потсетуваат.

Победници од литературниот конкурс ЕВА

Букбокс деновиве учествуваше во жирирање на еден литературен конкурс. Ова се победничките и нивната баш фина поезија.

50 нијанси Амиши

Во напливот на наслови-копии на „50 нијанси сиво", полни квази-безобразлуци и кинки секс, популарноста на наивни и невини љубовни романчиња е збунувачка. Ама тие не само што се продаваат како алва, туку имаат дури и жанровска ниша - "bonnet rippers", или „распорувачи на капчиња".

Eсеј за селењето

Не заминав за Нов Зеланд. Не се преселив ниту во некое зафрлено село. Моето петнаесето, јубилејно (и кој знае, можеби последно) селење се случуваше на растојание од неколку стотина метри. Па сепак, некои лекции се научени, и можеби некому ќе му послужат.

Русија забранува антифашистичка книга заради кукаст крст на насловна

Руските книжарници, во пресрет на одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот, од своите рафтови и сајтови отстрануваат антологиски графички роман кој зборува за ужасите на холокаустот. Причина: имало кукаст крст на насловната.

Кога Швеѓаните ќе попиздат

Денот ни почна со тажна фото-репортажа за зеленилото во Скопје некогаш и сега, а некако кармички продолжи со овој текст на Дежуловиќ. За шесте хектари рекреативен простор среде Гетеборг, и необичниот концепт кој им овозможува на граѓаните да попиздат кога некој им го одзема заедничкиот простор и го продава на најдобриот понудувач. Тој се вика - „јавност".

Како бил погребан Достоевски?

Сеќавање на ќерката на Фјодор Михајлович, за тоа како изгледал неговиот погреб во 1881, кога таа имала 12 години. Тоа е интересно и како документ, но и како опис на целата атмосфера во Русија при крајот на 19. век, кога писателите биле пославни од царевите.

Вили Нелсон: Зошто треба да ја купувате мојата трева?

До сега пушењето марихуана произведена од Вили беше животна амбиција на бројни пушачи, а го имаа остварено само неколкумина среќни фанови и пријатели, како Снуп Дог. Но работите се менуваат, бидејќи пред неколку денови тој си отвори своја компанија, Willie's Reserve, која ќе произведува - Willie Weed. Засега тоа е можно само во Вашингтон и Колорадо.

Хамлет за 2-годишни

Од видеово извлековме две поуки. Прво, дека актерството е вештина којашто се учи од вистински мајстори, дури и од најмали нозе. И второ - дека Шекспир треба да се рецитира и по градинки.