Чудно како луѓето откако ќе изгубат некого сваќаат колку многу некој значел.
Со Ѕверските Момчиња (Beastie Boys) се запознав во периодот кога ја истражував ХипХоп историјата и кој се е битен.
93 та година, годината која повлече цела ера и го зациментираше бум бап звукот на рап музиката за секогаш.
Ѕверовите почнале како Панк бенд, ама рапот им легнал убаво како средство за изразување и воедно биле пионери во тој нов жанр, да не збориме меѓу првите Белци во црната игра, а сепак доволно релевантни и оргинални.
Продуцент на нивниот прв албум "Licence to ill" Rick Rubin воедно работел и со Slayer кои во тоа време требале да издадат албум за Def Jam и го споил Kerry King со Ѕверовите и ја имаме "No Sleep Till Brooklyn" во 86 та!
Ѕверовите донесоа нов пристап во рапот, оттргнувајќи ги класичните клишеа на црнци со кеси на глави и носејќи страшна доза на талент и хумор во нивната музика.
Нема потреба да кажувам дека измислија нов жанр - Кросовер кој подоцна ке повлече цела плејада на уметници и ке направи рапот и металот да бидат заедно во пеколно добри соработки*
Последен пат кога изгубивме херој ја пропуштив шансата да го гледам во живо - а беше во Скопје!
Зборам за Гуру од GangStarr... криво ми е, стварно.
Ѕверките ги гледав на Ехит Фестивалот во 07 ма и можзм одговорно да тврдам дека луѓето се страшни музичаришта!
Си пејат рап... па ке си ги земат инструментите и ќе срокаат, па пак си пејат рап!
Точни и прецизни како математичка равенка МС на квадрат, неверојатно.
Тој настап засекогаш ми остана во сеќавање и секаде сум ги фалел по пријатели кои се музичари и од сите сум добивал ист одговор - а, Beastie Boys? Закон!
Мал совет за сите поштувачи...
секоја можна прилика да ја искористите, зашто на никој не му е ветено утре.
Адаме... да ни ги поздравиш Марли, Пакче, и останатите.
1.