Скопје гори на Европско

Џака: Баба се чешла

"No Freestyle much-but i write em like such"

Chuck-D "He Got Game-Public Enemy"

Верувале или не овој четврток бев во Парадизо - прв пат сезонава, оправдано и со причина.

Имено еден од луѓето што први им текнало да се качат на бина и да рокаат на брејкот што го прави диџејот, а тоа да се вика Рап - беше таму.

Куртис Блоу.

Постаро чиче во придружба на синот кој рокаше прв-тезга (he sang the counter of many fammyliar hiphop songz) а Куртис рокаше фанк олд скул моменти онака лајт мотив...

На мое многу големо разочарување озвучењето во клубот е централно-тоест дијаметрално покрива звук од бината, а периферно е за 64% послабо и ако си на маргините на сепарето слушаш многу слабо - иако имаш супер визуелна перцепција на сцената (а-а, пратиш како фрчат изразиве, оно е школувано дете!) и на целата дискотека.

Тажен факт е тоа што на таа публика што беше таму (квази скопска/снобска) и Еминем да беше  немаше никој да мрдне!!! Атмосфера само во воздух, онака си пичиме, а овој кретенов си пее!

Вистината е дека немаа појма кој е човекот, па ви се молам децава не знаат кој е Kool G Rap и 2Pac ,а да не збориме за нешто постаро.

Слушател си на било каков вид на музика - не биди прост, преслушај се што било пред тебе за да знаеш што може и ќе биде...

Или во стилот на еден маалски силеџија од Карпош што сега живее во Норвешка а милуваше пред маалската флиперница да ги прашува децата Њутнови закони за влез - фино лепо брз квиз на врата!!!

Ама му ги пуцаш онака измешано, као- Кој е Кристофер Риос, од кој град е Парис (трик прашање!!!), кој се гостува во песната Protec Ya Neck 2 (The Zoo) на ODB, каде прв пат се појавува Nas?

Мене да ме стаат на врата - абе сите по дома ќе ве пратам!!!

Рапери...назад во школо сите!!!

За ваше добро деца, после кога ќе снимате ке бегате од ритам и ке зборите како хардкорот нешто го претставувате, па јебеш комерцијала и истиот филм цело време, најтрагичното е што насловите од песните ќе бидат од типот на:

Последни На Нозе, Рап Коализија, Метеорски Стил, После Ова Нема Простување и слично, и ке тропате ист текст, па после народот ве сметал за полуписмени и жртви на Туретов синдром.

На 26 имате можност да ги гледате Емеми во Скопје, тоа е едукација од прв степен ако си рапер.

ПС: Немам гратиси, не ми барајте.

ПМС:

До личноста што веќе неколку денови замара за албанското прашање на мојот спот на youtube, мало појаснувањe:

Republic of Albania/Republika e Shqipërisë, едното е од латинскиот израз за замјата, а другото е домашната употреба или народот, или на латински луѓето Albanian, а домашен израз е Shqiptar, нема никаква навреда во националната дефиниција.

Поради такви полуписмени луѓе како тебе, мислат луѓето дека Албанците ( Шиптарите) се паднати од планина и ради сувото гори и сировото.

Имајте убав топол ден и не се кладете-ништо не испадна!

Мал рап терор за жешкото лето!

18 јуни 2012 - 18:37