Во име на правдата и храброста Стевчева, па добро бе да му ебем атер, Амди Бајрам и омилениот ми Елвис хај скул президент сите песни од Сека ги изрокаа ко ЕјСи/ДиСи во Буенос Аирес среде Шутка и - никому ништо. Со хедбенгинг, шутки (упс.) и враќања на бис. И шо, Стевчо не е луѓе? Плус, бат' Aмди башка си е дел од коалицијата која многу силно држи до традиционалната музика и македонските автохтони музички производи минус Владо Јаневски, а Сека на митинг во Шутка му беше опростена. Иако Све су Секе Јебене, треба да влезе во записник.
Пази, јас го разбирам човекот, ама апсолутно. Што и да запее, некој ќе му најде за зло. Ако рече некоја од било кој жив музичар во Македонија денес, освен Дарио, ќе е вмровец. А нема зошто да испее нешто од Дарио. Никако не е раат. Е сега, стои и дека Митар Мириќ е малку несмасен курч на славејот пуштен од бипартиската кафезна репресија, па затоа во името на слободно пеење, еве неколку политички коректни предлози за музичкиот арсенал со кој Стевче на мирно срце ќе може да распали доколку и после вториот круг во Карпош излезе како Крали Марко oд прилепска меана.
Ако победи со минимална разлика (1000-2000 гласа) пред Петров нека шиба „Мандат имам на Карпошов, аџанак, баџанак". Победа со многу повеќе гласови подразбира хор. На пример, хорска изведба на „Една мисла имаме" од Војо Стојановски, или ако е преиредентистичка и навредлива за Напредните Странци отаде Прохор Пчињски, може и „Кар Вош" како најсличен странски наслов до името на општината, со напомена дека не треба да се чита по земунски шатро (инверзно) само заради печатот на Милетиќ. Ако сака пред избори да си обезбеди поддршка од Јагнула Куновска, утре нека сними кавер на „Сестра кани брата на вечера", песна на помирување. „Стевче кани Јагнула на мезалак, ајде, ајде Јагне, да вечераме". Нема утка. Покриени се скоро сите варијанти. Дури и онаа во која Андреј Петров контра трендот од првиот круг „му ја краде" победата во втора рунда: „Што и да е ќе помине" од кој друг ако не Владо Јаневски.
За да не е Стевче сам, апелирам до сите кандидати/градоначалници да си испланираат песна за после победа и да ја распееме цела држава. После дождот иде сонце, после ќебапи пиво, па после избори нека иде песна. Само, треба да се биде внимателен, да не испадне дека стварно општините се кафани, пошо ако е така, на наредни избори во Центар ќе има барем 200 кандидати.
Неполитички коректно би било Сокол во Ѓорче да слави со „Неке птице никад не полете". Беличанец во Кисела Вода ако ја викне истоимената песна од Аца рокер-во-душа Лукас ќе биде спектакл. Чаир никако не оди со Калашников од Брега. Оваа општина е позната по општата љубовна енергија во ситни саати кога пола Скопје оргазмира на фурна или на некој донер, па затоа „Чаирска Романтика" е скроз океј. Шуто Оризари! Елвис на сите кои поднеле приговори на гласањето има должност да ја рикне „Suspicious Minds" од неговиот имењак од Мемфис, Тенеси. Има за сите, нели?
Инаку, никој не обрати пажња на првите стихови на победничката „фатете ми се" песна на Стевче: „Закуни се моја ѕвездо да нас нико раставити нече...". И подобро. Ако му накалемат дека е навивач на Ѕвезда, Партизановци во втор круг ќе го казнат жестоко. (п.с. Напред Вардар!)
Уште една за после победа на избори.