Архива

Јунајтед лесно со Партизан, Рома изгуби во 95-та минута

Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.

Има вистина во она што го викаат за голманите

За време на мечот Борусија Менхенгладбах - Рома во рамките на 4. коло од Лига Европа, домашниот голман Зомер го залепи својот бек толку силно со една топка, што овој не можеше да се опорави долго. После 75  минути игра резултатот е 1:1 а и двата гола (еден автогол) ги даде стоперот на Рома Фацио.

Дебакл на ПСВ во Австрија, Лацио пред испаѓање

Фудбалерите на Селтик направија целосен пресврт и по триумфот во Глазгов, го победија Лацио и среде Рим, идентично со 2:1 после катастрофална грешка на Валон Бериша во 95-та минута од мечот. Севиља е во следна рунда, а голема неизвесност ќе има речиси во сите останати групи.

„Воскреснатиот“ Џејмс Дин ги налути актерите

Славниот холивудски актер не е жив веќе 64 години. Но (како што пренесовме тука) ова не било пречка тој да добие улога во нов филм за Виетнамската војна. Веста предизвика лавина критики.

Ај малку доста за Александра Грант и дечко ѝ

Помисливте да не е по грешка сликата со Киану и девојка му? Не е. Девојка му се вика Александра Грант. Има име. Луѓето отекоа.

Како да снимиш поп хит во 2019

Целиот процес има четири чекори (последниот нормално ауто-тјун) кои не бараат многу повеќе потези од тоа. Најкомплицираниот чекор веројатно е текстот, ама па тој одамна не е ни приближно важен во овој жанр.

Грците ќе чадат мигранти со скара

Со сета мудрост карактеристична за грчка радикална десница, група грчки националисти за викендов закажаа правење скара (нормално свинска) веднаш до еден од бегалските кампови во земјата.

На работа, на Јутјуб

Наспроти оние што на Јутјуб пробуваат на тинејџери и малку помалите да им продадат мед и млеко луксузен живот, коли од неброени пари и Ајфони од 1.000 евра, стои една идентично голема група ударнички јутјубери, јутјубери кои имаат работа. Терајќи идентично „влогирање“ како и популарните, темата на овие јутјубери е нивната секојдневна работа, пример чистење плочки и теписи со машини, одзатнување одвод на езеро или водење на сопствено хемиско чистење.

Вокер фино се снајде, ама се сеќавате ли што направи на гол дефанзивец на Лудогорец?

Со оглед на тоа што минаа пет години од дебито на Лудогорец во ЛШ, можеби некој заборавил како изгледаше тоа неповторливо сценарио за влез во групи. Работата ја реши романски дефанзивец против романски клуб, ама со ракавици на раце.

Луда драмолетка на Максимир: Адеми даде гол за 3:1 во 89-та, Шахтјор врати со два во судиско

Еден од двајцата македонски претставници во ЛШ вечерва беше и стрелец, но кога Модрите мислеа дека ја имаат победата, украинскиот состав погоди во 93-та и 98-ма од пенал со ВАР. Мртва трка за втората позиција, Динамо и Шахтјор имаат исто бодови.