Архива

Ви се гледа баскет? Од 1939-та?

Ова маалски се вика „фрљотка“, ама тоа не им смета да го наполнат Медисон сквер гарден со 16.000 навивачи. Веројатно вака и ќе останеше американската кошарка да не дозволеа црнци да почнат да играат.

Најспориот пенал на светот, дур ја изведе се стемни

Барнсли имаше 2-1 против Чарлтон во англискиот Чемпионшип, а гостите добија совршена шанса во 89’ минута да израмнат од пенал. Лил Тејлор ја намести топката, и го заспа гледалиштето додека изведе.

Митот за рециклирање пластика

Рециклирањето беше проблематично и пред Кина да реши да го укине увозот на светскиот отпад за рециклирање, откако го укина скоро и да нема разлика што правиш со ѓубрето.

Исис, блупери

Светов е забразден во комплетна естрадизација. Блупери, односно грешки при снимањето на видео сцени сме навикнати да гледаме за филмови и серии. Не запира тоа тука. Жанрот се прелеал онаму каде што најмалку го очекуваме, меѓу спротивставени терористички групи. Елем, за да ги руга конкурентите, Ал Каеда деновиве на интернет пушти блупери од Исис.

Дејвид Блат откри дека има мултиплекс склероза

На неколку дена пред почетокот на Светското првенство 2019, трофејниот тренер Дејвид Блат ја шокираше јавноста со отворено признание за болеста која што ја има.

Дали - и зошто не - користите тире?

Од време на време помеѓу писателите, новинарите, уредниците и лекторите - добро, не баш нашите - се разгорува тема за полезност или излишност на некој интерпункциски знак. Веќе пишувавме во слава на точка запирката. На ред е - тирето.

Сè што не е во ред со денешните менаџерки

Таа е успешна. Опасна. Стои зад нејзините цврсти ставови. Гази по луѓе. Не, најозбилно, уште малку фали за буквално да те згази за да помине. И сè ова зад еден бучен феминистички параван.

Сега сум за втора средно, а вчера играв против ПСЖ

Возрасната граница во спортот сериозно се поместува. Доказ за тоа е Едуардо Камавинга, фудбалер роден на 10 ноември 2002 година во Ангола. Има само 16, а годинава одигра 10 средби за првиот тим на Рен. Во неделата против ПСЖ на Кавани и Мбапе, беше јунак со асистенција во триумфот од 2-1.

Жоао Феликс дами и господа

Со голот на Алваро Мората во 23’ минута, Атлетико Мадрид го совлада Гетафе со 1:0, а Жоао Феликс одново покажа зошто важи за чудо од фудбалер.