Архива

Римејк од длабокото

Лимонадата од 90-ти со Вил Смит, Принцот од Бел-Ер, преадаптирана во мрачна драма како денешниве. Исто сценарио, исти ликови, само без музиката и траката за смеење.

А во водата дупка

Системот за спречување на прелевањето на езерото Бериеса во Калифорнија.

И жени да играат Јувентус го полни стадионот до даска

Уште еден доказ за тоа колку е Јуве понапред организациски и помоќен финансиски од сите други клубови во Италија. Без разлика за кого навиваме, треба да бидеме реални. Гледаме италијанско во ера во која веќе осма година никој не може да им се фати по ниту еден параметар.

Оригиналната приказна за Дамбо најпрвин била замислена како книга на „скролање“

Наскоро во кино салите низ светот ќе се случи премиерата на нов филм за ушлестиот Дамбо, во режија на Тим Бартон. Претходниот, анимиран, беше од 1941. Но пред него Дамбо требала да биде објавена во необичен формат, чија современа асоцијација би била „со скролање“.

Браво мали

На меч меѓу Галатасарај У-14 и Истанбулспорт У-14, капитенот на домашниот тим неправедно добил пенал. Дека од мал со право носи капитенска лента покажа после неколку секунди. Прав пример дури и за постарите колеги.

Саудиска Арабија ги цица резервите со вода на Калифорнија, на цака стара 140 години

Во 1877 британски копач на злато почнува да обработува едно парче земја во Калифорнија и со тоа го добива правото и на бесплатно користење на водите кои минуваат низ местото. Век и пол подоцна, човекот е умрен, местото е претворено во град, ама водата и понатаму е бесплатна, во еден случај и за Саудијци.

Не разумеш ти то друже ВИ

Додека срцето ни крвави заедно со она на Кацарска по нејзиното болно признание дека ослободувањето на Дурловски е најтешкото ослободување во нејзината кариера (замисли ја ти таа кариера! а имале доказ дека чак и химната ја пеел!), се префрламе во Естонија каде пробуваат во судските парници да внесат барем вештачка интелигенција.

Вирџил Абло, Луи Витон и „Волшебникот од Оз”.

Додека трае такмичењето во досетливост на социјални мрежи, да си направиме муабет.

Имуноста на Роналдо од повреди благодарение на јак тренинг

Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.

Автогол на колото во најнезгодно време

Луксембург се држеше со Украина, играше машки и до 93-та минута имаше 1-1 за евентуален огромен бод во групата. Ама на крај, нивниот најдобар играч Жерсон Родригеш си заби неверојатен автогол и Украина однесе 3 важни бода.

Се пензионираше Конор Мекгрегор

30-годишниот поранешен УФЦ шампион на социјалните медиуми објави дека се пензионира од „спортот порано познат како ’мешани боречки вештини’.

Премиер лигата се потсети на Ѓорѓи Христов

Чисто како информација за помладите генерации, Ѓорѓи Христов е еден од ретките македонски фудбалери кои на една рака се бројат во Премиер лигата. Беше член на Барнсли (1997-2000) за кој постигна 8 гола на 45 средби, а има и 48 настапи и 16 погодоци за Македонија.

Брус ли фаул

Капитенот на Танзанија знае да биде многу опасен мангуп со топка, ама неговиот чувар од Бурунди веројатно ја утнал професијата и требал да тренира карате или нешто слично со тепање. Не можеме да се решиме кој повеќе нè импресионира во клипов.

Не може баш секој да биде голман

Оход е последнопласиран клуб во Саудиска Арабија и веќе е испаднат. Играат против Ал Хилал кој се бори за титула и му кинат два бода. Гостинскиот голман имитира црв и ги иритира домашните навивачи кои го гаѓаат со шишиња.