Студијата што ја прават Финците покажала дека посета на „зелени“ локации три до четири пати неделно, ја намалува веројатноста луѓе да почнат да земаат лекови за проблеми со ментално или срцево здравје за една третина, а за астма за една четвртина.Дополнително, позитивниот ефект на зелената средина бил далеку поголем кај лицата со пониски примања.
Благотворните ефекти на зеленилото почнале да опаѓаат кај лицата кои пет или повеќе пати неделно посетувале зеленило, што делумно се објаснува и со тоа дека лицата кои се толку често во природа од старт немаат потреба од многу лекови.
Истражувањето на финскиот Институт за здравје и благосостојба, само го надополнува се поголемиот број на студии кои покажуваат дека пристапот до зеленило е поврзан со голем број здравствени проблеми.
Во студијата на институтот било проверувано како на жителите на градовите над 25 години влијаеле зелени и сини простори во радиус од 1 километар од нивниот дом. Под зелени простори биле опфатени шуми, градини, паркови, гробишта, зоолошки градини, ливади, мочуришта; а сини вклучувале мориња, езера и реки.