Просечниот Европеец пие меѓу една и четири алкохолни пијачки на ден, што него го класификува како "умерен" пијач, номенклатура која и покрај милозвучноста значи дека кај нив има зголемен ризик од рак.
Студијата објавена од Обединети европски гастроентерологзи, бројките ги повлекува од статистиката на СЗО во која стои дена Европејците пијат повеќе алкохол од луѓето на кој било друг континент - 11,2 литри годишно (или две пијачки на ден).
Во исто време Американците секоја година пијат 20% помалку алкохол од Европејците, а Африканците околу половина помалку. Плус, секој 5-ти Европеец на возраст над 15 години пие "многу" барем еднаш неделно (над 4 пијачки на ден).
Тоа што е Европа во светот, во Европа е Литванија, со просек од 3,2 алкохолни пијачки на ден или 18,2 литри алкохол (не вино или пиво) по жител годишно. За справување со проблемот Литванците забранија консумација на алкохол за лица под 20 години, и продажба од 20 часот до 10 наутро.