Кога се правени канцелариите на ЗТЕ, тоалетите се опремени со санитарија од Американ стандард, компанија од Њу Џерси. Откако им се расипал еден од писоарите, од ЗТЕ сфаќаат дека резервниот дел треба да го нарачаат од САД, а не можат бидејќи тоа би значело прекршување на санкциите.
Во соопштението залепено врз нефункционалната санитарија, компанијата им се извинува на вработените за нелагодноста и им ветува дека веднаш штом ќе можат да ги набават резервните делови, ќе продолжат со работа.
Иако минатиот месец Департманот за трговија одлучи да ги олабави санкциите кон ЗТЕ и да им дозволи да набавуваат одредена опрема од САД, американскиот сенат повторно ја изгласа забраната, и овој пат како причина наведувајќи безбедносен ризик.