Според некои извештаи, после водата, еспресото е втор најконзумиран пијалок во Италија. Милиони филџани еспресо се сркаат дневно низ целата земја. На почетокот на 2022 година, Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Италија поднесе апликација во УНЕСКО за зачувување на италијанските корени и идентитетот на еспресото. Градот Трст повторно поднесе барање во март 2023 година, неуспешно.
Сепак, и покрај инфлацијата (1 евро во 2.000 година сега вреди 1,68 евра во 2024 година - што е кумулативна промена на цената од 68%), цената на едно еспресо остана конзистентна во цела земја. Дури и во поскапите региони на Италија, просечната цена на едно еспресо е околу 1 евро или само нешто повисоко.
Еспресото станува маркантен дел од италијанската култура во 1884 година, кога Анџело Мориондо произведе машина која користи пареа за да се намали времето потребно за правење шолја кафе. Машините за еспресо стануваат вообичаени во кафулињата на почетокот на 20 век и доведуваат до масовна појава на „еспресо барови“ во Италија. Пиење кафе надвор од дома останува резервирано за повисоките класи во раните 1900-ти.
Во 1911 година, италијанските власти воведуваат максимална цена за одредени „неопходни потреби“, вклучително кафето. Со оглед на наметнатите ниски цени, менаџерите на еспресо баровите пробуваат да ги намалат расходите, вклучително услугата. Затоа многу од нив наплаќаат дополнително ако клиентот седне да го испие своето еспресо, наместо да го дрмне стоечки.
Овие ценовни регулативи биле, и сè уште се, корисни за независните еспресо барови. Со наметнување фиксна цена за кафето се избегнува еден бар со цена да ја потепа конкуренција. Локалните совети го контролирале вкупниот број на барови и наметнувале распоред со работни денови. Сето ова ги одвраќаше големите и помодерни деловни модели, како што се синџирите, да влезат на пазарот.
Приближно 97% од возрасните Италијанци пијат кафе секој ден, обично по повеќе еспреса на ден. Се преферира силно, интензивно, горко кафе; Еспресо баровите често користат попечени зрна и се прибегнува кон микс на арабика со робуста за поголема содржина на кофеин.
Општо земено, како што се оди појужно, се претпочитаат сè потемни профили на кафе. Појужно, исто така, еспресата се сè пократки. Постојат и значителни регионални варијации. Во Неапол, на пример, стандардно е ристрето (колку грама мелено кафе, толку грама кафе за пиење).
Генерално, на југ кафињата се и поевтини. Бари има еспресо со најниска цена од 0,75 евра. Едно од поскапите е во Болоња 1,10 евра или како што покажавме, на Лаго ди Гарда 1,2 евра (види: За таа цена, во Охрид нема ни да ти го сомелат).
Италијанскиот афинитет за потемно печени зрна значи дека е полесно да се сокријат слабостите и да се користат зрна со послаб квалитет. Се купува поевтино зелено кафе, што им дозволува на еспресо баровите да ги задржат цените ниски. Но, и на ниска цена, тие имаат неверојатно високи маржи на шоља еспресо, многу повисоки и од оние на производителите и печилниците.
Времето на услуга во Италија за еспресо е во просек нешто повеќе од 30 секунди. Традиционално, едно еспресо се пие во не повеќе од три сркања. Сето ова помага да се одржи висок промет и да се максимизираат профитните маржи.
Италијанското тело за заштита на потрошувачите, Кодаконс, во 2020 година поднесе жалба дека цените на еспресото станале превисоки, главно затоа што владата наметна ковид данок на многу широко користени производи, меѓу кои и и кафето. Во Рим, еспресата поскапеле од 1,10 на 1,50 евра, додека во Милано достигнале 2 евра. Кодаконс се пожали и на цената на еспресото на Старбакс во Италија.