Во анкета што Киндерд ја прави со 1.000 вработени во основно образование во Англија и Велс било откриено дека четвртина од првачињата не научиле да користат тоалет.
„Дете во пелена назадува уште од првиот ден.
Ние знаеме дека има деца кои не можат да научат да користат купатило заради медицински причини или затоа што имаат дополнително потреби, заради што и не се работи за осуда на овие деца.
Меѓутоа кај најголемиот дел од децата, тие треба да може да учат и едноставно да уживаат во училиштето,“ објаснуваат од добротворната организација ЕРИК.
Едно од објаснувањето за застрашувачките бројки на неподготвени деца е дека оние што годинава почнуваат со училиште се родени на самиот почеток од пандемијата, заради што „голем дел од нивните рани години не е обратено многу внимание на нивниот општествен развој.“
Од ЕРИК започнаа кампања која треба да им помогне на децата сами да користат тоалети на училиште, а како дел од неа родители може да се пријават за он-лајн помош во подготовката на своите деца.
Анкетата на Киндерд открива и дека 46% од учениците не можат да седат мирни, 38% не знаат да си играат или да споделуваат со други, 37% не знаат сами да се облекуваат, 29% не можат сами да јадат и пијат, а 28% неправилно ги користат книгите, со движења како за таблет.